|
Работна средба со Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Скопје Ралф Брет |
|
На 26.12.2011 година во просториите на Комисијата за верификација на фактите се оствари работна средба на Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје Амбасадорот Ралф Брет, со Претседателот на комисијата Томе Аџиев, Заменикот претседател на комисијата Агим Мехмети и Генералниот секретар Мукадес Хајдаровска. На средбата се разговараше за процесот на лустрација кој ја опфати Македонија како еден важен процес во општеството, како и спроведувањето на законот за определување на дополнителен услов за вршење на јавна функција, и тешкотиите на кои наидува овој процес во Република Македонија. |
|
Комисијата за верификација на фактите, го осудува вандалскиот чин што се случи на 13 декември во Битола, на куќата на претседателот на Комисијата, г-дин Томе Аџиев.
Членовите на Комисијата укажуваат на фактот дека Комисијата за верификација на фактите е колективно тело кое работи врз основа на Законот за определувањењ на дополнителен услов за вршење јавна функција и сите одлуки ги донесува во согласност со законски предвидените процедури и со мнозинство гласови. Со други зборови, одлуките на комисијата не зависат од поединечниот став или глас на било кој член, па ниту од гласот на претседателот.
Комисијата за верификација на фактите е против сите видови притисоци врз членови на комисијата и се надева дека надлежните органи ќе ги откријат сторителите на вандалскиот чин на куќата на претседателот на Комисијата.
Исто така, Комисијата апелира до сите одговорни субјекти во државата, медиумите и експертската јавност, да придонесат процесот на лустрацијата да се движи во рамките на Законот за определување на дополнителен услов за вршење јавна функција како и на другите позитивни закони што го регулираат овој чувствителен процес.
Скопје, 15.12.2011
КОМИСИЈА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ФАКТИТЕ
|
|
Работна средба со евро пратеникот Андреј Ковачев |
|
Во седиштето на Комисијата за верификација на фактите на ден 04.11.2011 година се одржа работна средба со евро пратеникот Андреј Ковачев и претставници на Комисијата за верификација на фактите. На средбата се разговараше за искуствата на државите кои се опфатени со процесот на лустрација. Евро пратеникот се интересираше за тоа кога е донесен законот, дали постои отпор, противење за негово спроведување, како тече спроведувањето на законот, кој се е опфатен со Законот за определување на дополнителен услов за вршење на јавна функција и колку лица досега се опфатени во процесот. Исто така ги споделија позитивните искуства од процесот на лустрација од другите европски држави кои го поддржаа овој процес.
Г-дин Андреј Ковачев ја поздрави работата на Комисијата, со порака дека Комисијата за верификација на фактите ќе добие поддршка за спроведување на понатамошниот процес на лустрација и од европскиот парламент.

|
|
Комисија за верификација на фактите ,во врска со обврската за поднесување на писмена изјава заверена на нотар,на лице кое било носител на јавна функција, а кое не е починато, го дава следното
С о о п ш т е н и е
Согласно Член 7 став(3) од Законот за измени и дополнувања на законот за определување на дополнител услов за вршење на јавна функција (Сл.Весник на Р.Македонија бр.24 од 25.02.2011год.) Лицето од членот 5 на овој закон, кое било носител на јавна функција, а кое не е починато, е должно да поднесе писмена изјава заверена на нотар до Комисијата за верификација на фактите, со која изјавува дека не соработувал со органите на Државната безбедност од периодот определен со членот 2 став(1) од горенаведениот закон.
Согласно Член 25 од истиот Закон, лицето кое било носител на јавна функција, а кое не е починато, е должно да поднесе писмена изјава заверена кај нотар до Комисијата за верификација на фактите, во рок од 30 дена од денот на влегување во сила на овој закон.
Рокот за доставување на изјава започна да тече од 08.03.2011година.
Kомисија за верификација на фактите
|
|
Комисијата за верификација на фактите ги известува лицата од член 5 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, лица кои вршат јавна функција, и лицата кои се кандидираат за вршење јавна функција согласно член 11 од Законот дека Изјава заверена кај нотар за несоработка со органите на државната безбедност, согласно член 2 став 1 се доставуват еднаш.
Секоја доставена изјава Комисијата ја проверува и утврдува дали е вистинита или не.
Лицето кандидат за носител на јавна функција кое еднаш поднело изјава согласно членот 6 од законот не е должно да поднесе нова изјава во случај на повторно кандидирање или превземање јавна функција.
Носителите и кандидатите за јавна функција кои имаат доставено изјави треба да се информираат во комисијата дали е изготвено нивното Уверение.
Уверенијата се издаваат секој работен ден.
Комисија за верификација на фактите
Претседател,
Јанаќе Витановски |
|
|
|
|