Комисијата за верификација на факти за локалните избори 2013 провери 8.895 кандидати
Комисијата за верификација на фактите за прв пат од своето постоење беше директно вклучена во изборниот процес за локаните избори 2013 година. За разлика од минатите избори во 2009 година на кои кандидатите имаа обврска да достават заверени писмени изјави за несоработка со безбедносните служби согласно тогашниот Закон, на овие избори , согласно Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, општинските изборни комисии ги доставуваа комплетните листи на кандидатите до Комисијата за верификација на фактите.
Во редовниот и дополнителниот рок, за проверка беа доставени 8.895 кандидати за градоначаници и советници. Од нив, по проверката, Комисијата утврдила дека 1.098 лица т.е над 12% веќе биле претходно лустрирани по различен основ.
Од страна на Комисијата за верификација на фактите со барање до 4-те надлежни институции беа испратени 7.797 лица, дали евидираат во нивните евиденции како соработници. Во одговорите од 4 -те инситуции по 26 предмети Комисијата одлучуваше за фактите и за 3 лица утврди дека биле соработници на тајните служби од идеолошко - политички и партиски причини.
